Близначиња се жpтви на нecpeќата во Бугарија, имале само 4 години!

ноември 23, 2021

Телевизија Алсат објави список со патници кои наводно се превезувале со автобусот кој рано утринава изгоре на автопат во Бугарија.

Од истиот може да се види дека најмладите жртви се родени 2014 и 2017 година.

Meѓу починатите се Луан и Албан Ахмети роден 2017, кои имале само четири години.

Белма Јахи која е родена 2014 година, имала 7 години. Меѓу починатите има и голем број тинејџери.

Според бугарските медиуми жена со две деца во рацете изгорела пред вратата на автобусот.

Пред средната врата од автобусот има изгорено жена со две деца во рацете, најверојатно близнаци, јавува „24 часа“.

Инспекторите во моментов проверуваат за дополнително гориво бензин во автобусот, бидејќи дизелот тешко експлодира, а автобусот бил на дизел.

Еден од преживеаните патници на премиерот Зоран Заев му раскажал дека го разбудила голема експлозија.

Инаку засега е познато дека 45 лица живи изгореа во автобусот на автопатот Струма во два часот утринава, сите патници се од Македонија, а поголемиот дел од Скопје.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: