strumica denes logo

Без печење: Редена торта со бисквити и чоколаден фил, готова за 10 минути

Автор:

Датум:

март 27, 2023

Категории:

Струмица, Рецепти

Автор:

Датум:

март 27, 2023

Категории:

Струмица, Рецепти

Најголемата мајсторија што ќе ви биде потребна за да ја подготвите оваа торта е само да знаете како да подготвите пудинг без грутки, што ќе служи како фил за тортата.

Кога се спомнува подготовка на торта, најчесто се мисли на комплициран рецепт, што подразбира многу матење филови и пандишпани, печење…

Ова е лесен рецепт за редена торта што можете да ја подготвите само за десет минути, а со која ќе ги изненадите најблиските.

Состојки:

  • 200g мармалад од кајсии
  • 500g бисквити
  • 1,3 l млеко
  • 5ml екстракт од ванила
  • 100g брашно
  • 130g шеќер
  • 50g какао
  • 50g путер
  • 50g ситно сечкани лешници

Подготовка:

  • Се зема еден бисквит и се премачкува со мармалад од кајсии, па потоа се затвора со друг бисквит во форма на сендвич.
  • Во подлабок сад ставете 300ml млеко и потопете го сендвичот, а потоа ставете го на плех.
  • Од преостанатите бисквити и мармалад се прават повеќе „сендвичи“ и сите се редат на плехот еден до друг.
  • Во сад со еден литар млеко ставете една лажичка екстракт од ванила и ставете на рингла да се загрее.
  • Во подлабок сад се мешаат брашното, шеќерот и какаото и изедначената смеса се става во загреаното млеко.
  • Со маталка сувите состојки се мешаат во млекото, за да се избегнат грутки, сè додека не се добие смеса што наликува на пудинг.
  • Во чоколадниот фил се додава путер и се меша додека да се стопи.
  • Првиот ред со сендвичи од бисквити и мармалад се прелева со овој фил.
  • Потоа врз филот се реди нов ред од сендвичи со бисквити и одозгора повторно се истура од филот.
  • Постапката се повторува сè додека не се потрошат состојките, а готовата торта се прелева со чоколаден фил и се декорира со ситно сечкани лешници.
  • Тортата се става да стои во ладилник околу 1 час, по што може да се сервира.