Бесплатни кардиолошки прегледи и консултации – само во Кардио Стојменов!

март 30, 2023

По повод Светскиот ден на здравјето кој се одбележува секоја година на 07 април, Кардио Стојменов подготвуваат голема промотивна акција за своите пациенти: на 08 април, од 08 до 14ч, бесплатни кардиолошки прегледи и консултации, ЕКГ, мерење на крвен притисок и ехо на срце.

Запишете си термин во својата агенда, 08 април е денот кога лекарите специјалисти во областа на кардиологијата ќе ги примат сите заинтересирани пациенти за преглед, а потоа ќе извршат мерење на крвен притисок, ЕКГ и ехо на срце, СОСЕМА БЕСПЛАТНО! Не мора да закажувате термин, кардиолошката ординација Кардио Стојменов ќе ги прими сите заинтересирани пациенти во текот на денот.

По 27 години успешна работа во областа на кардиологијата во Штип и Виница,специјалистичката ординација Кардио Стојменов е веќе поблиску до своите пациенти од Струмица и околината – во самото срце на градот! На улица Младинска веднаш спроти ТЦ Мавровка, Кардио Стојменов врши секаков вид на кардиолошки прегледи и консултации. Оваа специјалистичка ординација со 27 годишна традиција ќе се погрижи за сите ваши кардиолошки здравствени проблеми, а како услуги нудат:

– Лекарски кардиолошки преглед
– Холтер
– Ехо на срце
– Кардиографија
– Коронарен стрес тест
– Доплер

Здравјето на вашето срце не е мала работа, доверете го во вистински раце! 27години со срце -Кардио Стојменов!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ