Претседателот на Србија и врховен командант на српската војската, Александар Вучиќ, нареди воените сили и сите единици на МВР да бидат во највисок степен на борбена готовност.
-Претседателот на Србија како врховен командант вечерва нареди Војската на Србија од ноќеска да биде ставена на највисоко ниво на борбена готовност, односно подготвеност до ниво на употреба на вооружена сила, односно вооружениот потенцијал на српските вооружени сили, изјави министерот за одбрана Милош Вучевиќ.
Како што наведе тој, „тоа не издигнува на највисоко ниво на дејствување што го спроведува српската војска, заштитувајќи го територијалниот интегритет и суверенитет на Србија и ги штити сите граѓани на Србија и спречувајќи прогон и терор врз Србите каде и да живеат“.
И министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ изјави дека „по наредба на претседателот“ наредил подигнување на целосната борбена готовност на сите единици на МВР.
-Согласно наредбата на претседателот на Републиката и врховен командант на Војската и вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, наредив подигнување на целосна борбена готовност на сите единици на МВР, Жандармеријата, САЈ (Специјални антитерористички единици) и Полициските бригади, веднаш да бидат бидат ставени под команда на началникот на Генералштабот и да ги заземат позициите предвидени со оперативниот план, рече Гашиќ.
Вучиќ претходно денеска наложи да се преземат сите мерки за заштита на српскиот народ на Косово. Тој во видео објава на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“ изјави дека „даваме се од себе за да ги зачуваме мирот и стабилноста“.
-За жал, тие не сакаа да не слушаат или не беа многу заинтересирани да не слушнат. Денеска и на српскиот патријарх г. Порфириј му е забранет влезот на Косово и Метохија. Ова никогаш не се случило во историјата. И не им е грижа. Бесмислени соопштенија, неважно… Но и понатаму ќе продолжат да зборуваат само за српските барикади кои се само знак на незадоволство и борба на српскиот народ да биде свој на своето и ништо повеќе, наведе Вучиќ.
-Според тоа, сакам да ве информирам дека се наоѓаме во тешка ситуација, но дека ќе дадеме се од себе и дека на секој начин ќе се грижиме како да ги зачуваме мирот и стабилноста и не само тоа, како да го заштитиме нашиот народ на северот од Косово и Метохија. Во согласност со тоа и после вооружувањето на Албанците и после подигннувањето на нивната борбена готовност ќе ги преземам сите мерки да го заштитам нашиот народ и да ја сочувам Србија, порача претседателот на Србија.