strumica denes logo

БАЛКАНОТ СПЛОТЕН КАКО НЕКОГАШ, СИТЕ ГО ОЧЕКУВААТ ПОЧЕТОКОТ НА НАТПРЕВАРОТ БРАЗИЛ-СРБИЈА!

Автор:

Датум:

ноември 24, 2022

Категории:

Спорт, Струмица

Автор:

Датум:

ноември 24, 2022

Категории:

Спорт, Струмица

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Голема еуфорија ја зафати Србија поради вечерашниот натпревар против Бразил, целата земја со нетрпение го очекува настапот на националниот тим против моќните „Кариоки“.

Каква е ситуацијата во Србија поради натпреварот со Бразил вечерва доволно зборува потегот на директорот на еконоското училиште во Белград, Дејан Недиќ. Тој ги информирал сите во училиштето дека часовите ќе бидат со скратено време за вработените и учениците да можат да го гледаат натпреварот кој започнува во 20:00 часот.

„Поради историскиот натпревар кој се игра со Бразил од 20 часот и кој сите сакаме да го гледаме, ќе ја скратиме наставата“, објави Недиќ.

Инаку, Дејан Недиќ е поранешен фудбалски судија и аналитичар кој редовоно гостува низ телевизиските емизии во Србија. Исто така Недиќ додаде дека часовите ќе бидат со посебно време и за натпреварот со Камерун.

„Во понеделник, 28. ноември, играме со Камерун од 11 часот. И тука ќе овозможиме сите да го гледаат натпреварот, па наставата ќе биде скратена во двете смени“, порача Недиќ.