Perdormire
Струмица

„АВЕТ“ – НОВ МУЗИЧКИ ПРОЕКТ НА ТРОЈЦА ТАЛЕНТИРАНИ СТРУМИЧАНИ, „ПЛАМЕНИ ЈАЗИЧИЊА“ Е НИВНОТО ПРВО ДЕЛО!

“Авет својот порив за творење,спознавање и истражување го изразува преку авторската музика, обидувајќи се да ги пренесе одзвуците и ехото на душевните треперења.” Овој музички проект главно го сочинуваат Саше Урдовски, Ставре Ангелаков и Столе Велков, а дополнително го обогатуваат и други музичари, уметници и артисти.

Aвет – Пламени Јазичиња
Музика, Текст, Аранжман – Авет

Вокал и Гитара – Саше Урдовски
Бас гитара – Христијан Мучев
Тапани – Кристијан Новковски
Пијано – Ставре Ангелаков

Сниматели на звук – Бисера Анастасова, Ставре Ангелаков
Аудио Микс и Мастер – Ивица Јанкуловски (студио Аlshar)

Режија, Камера, и Монтажа на Видео – Милена Кънчева
Во видеото се појавуваат:
Петя Бангьозова
Михаела Заимова