По објавената вест дека општина Струмица ќе обезбеди бесплатна посета на градинка за децата од ромска националност кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, струмичани ја пофалија одлуката, но изразија и незадоволство бидејќи со истaта не се опфатени и македонсите деца. Својот револт граѓаните го изразија на социјалните мрежи, каде наголемо се дискутира за тоа колку оваа одлука овозможува и гарантира еднакви права за сите и дали е дискриминирачка за децата Македонци?
Дали сте ЗА и децата Македонци кои потекнуваат од семејства со социјален ризик да добијат бесплатна градинка?