Анкета на ИРИ: Груевски уште е најпопуларен политичар, ВМРО води пред СДСМ!

декември 23, 2022

Најновата анкета на ИРИ покажа дека граѓаните повеќе веруваат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и тоа во случај ако се одржат предвремени парламентарни избори, 19 отсто од анкетираните би гласале за партијата на Христијан Мицкоски.

Од друга страна, 11 отсто би гласале за СДСМ, седум за ДУИ, а шест отсто од испитаниците за Левица. Што се однесува до популарноста кај политичарите, екс-премиерот Никола Груевски е најпопуларен политичар со седум отсто.

Додека пак, неговиот наследник Христијан Мицкоски има поддршка од шест отсто, за премиерот Димитар Ковачевски се изјасниле пет отсто.

За Али Ахмети има перцепција од 6 отсто, а за Димитар Апасиев – 3. Исто толкава перцепција од 3 проценти имаат и Стево Пендаровски и Билал Касами.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ