Амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Н.Е Џан Ѕуо денеска ја посети општина Струмица.
„На средбата, го запознав амбасадорот Ѕуо со карактеристиките на општина Струмица, природните и културно – историските вредности, туристичките потенцијали.Во името на пријателството и позитивните искуства од добрата соработка меѓу двете држави, разговаравме и за соработката и поддршката на локално ниво.“ – напиша градоначалникот на општина Струмица, Коста Костадинов.