„Alfa Romeo“ го најави најубавиот автомобил на светот, можете да го видите преку „AI“ технологијата

август 26, 2023

„Alfa Romeo“ својот суперспортски новитет го најави за крајот на месецот, а некои можат да видат уште сега.

Се што треба да направите е да дадете вистински опис на автомобилот преку шест клучни зборови, а сè останато ќе направи вештачката интелигенција. По тој повод „Alfa Romeo Australia“ претставува посебна страница на која сите заинтересирани можат да ги видат досега осмислените предлози, но и да претстават свој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alfa Romeo Australia (@alfaromeo_aus)

Компанијата досега објавила само неколку детали поврзани со новитетот, а ја оставила отворена и идејата дали навистина се работи за духовен наследник на моделот „33 Stradale“ од 1967-ма. Повеќето ќе се согласат дека тука единствено е важно дека „Stellantis“ учествува само како финансиска потпора, а дека притоа на експертите на „Alfa“ им е дадена целосна слобода. Се надеваме …

Информациите кои досега најгласно одекнале одат во насока на тоа дека станува збор за автомобил на основа на „Maserati MC20“, со мотор од „Giulia QV“, односно 2.9 V6 битурбо. Наводно се освен цената е во знакот на бројот 33, па така освен бројчената ознака, серијата брои точно 33 примероци, а новата „Alfa“ може да забрза до 333 км/ч. Цената ќе изнесува околу милион евра.

Се ќе биде познато за кратко време.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ