Крум Велков кој е дел од иницијативата Спас за Струмичка Котлина, на својот официјален фејсбук профил објави статус дека второстепената комисија ја одбила жалбата на Еуромакс и рудник над Иловица и Штука нема да има. Во продолжение погледнете го статусот:
КРУМ ВЕЛКОВ:
Второстепената комисија ја одби жалбата на Еуромакс Рисорсис. Рудник над Иловица и Штука нема да има.
Концесијата се одзема. Одлуката е правосилна. Им честитам на ситеј што вложија макар и минимален напор да помогнат во нашата борба, на сите поддржувачи што доаѓаа на нашите протести, на новинарите и медиумите кои објективно известуваа, а најмногу на активистите од струмичко (и од Југоистокот), и од срце на жителите на Штука и Иловица и на другите села кои беа со нас на блокадите и во овие две ипол години.
Еден од нашите слогани на почетокот беше ветување: РУДНИК НЕМА ДА ИМА!
Го нема.
Благодарам.