АЈДУЦИ-СТРУМИЦА ПОЛОЖИЈА СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО СКОПЈЕ!

февруари 4, 2023

Навивачката група АЈДУЦИ-СТРУМИЦА денеска положија свежо цвеќе на гробот на великанот Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

„Гоце Делчев е Македонија. Овде сме да оддадеме почит на македонскиот јунак кој животот го даде за Слободна Македонија“. – велат од навивачката група за Струмица Денес.

Инаку Македонија денеска во тензична атмосфера го одбележува роденденот на Делчев поради провокациите од Бугарија и најавеното присуство на бугарски државјани во црквата каде почива револуционерот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ