strumica denes logo

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА НОВО СЕЛО ДО МИНИСТЕРКАТА ТРЕНЧEВСКА: Вие во 21 век со Вашиот предлог закон за родова еднаквост отворивте дилеми за тоа што е маж, а што жена!

Автор:

Датум:

мај 26, 2023

Автор:

Датум:

мај 26, 2023

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорге Божинов одговара на Фејсбук статусот на министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска:

-Министерке Јована Тренчевска, Вие во 21 век со Вашиот предлог закон за родова еднаквост отворивте дилеми за тоа што е маж, а што жена, кои никогаш ги немало во општеството релативизирајќи ги поимите маж и жена. Се согласувам дека станува збор за концепт што ни се импутира на перфиден начин 20 години, но еве конечно му го гледаме вистинското, античовечко и дехуманизирачко грдо лице во вашиот предлог закон.

Мојата општина е современа и демократска и ќе продолжи да гради еднакви можности за мажите и жените кон потполна полова рамноправност. Секој еден глас на советниците, вклучително и на оние од вашата матична партија кои што Вие ги нарековте ,,срам за денешницата”, се израз на мислењето на жителите на Општина Ново Село за предлог законот за родова еднаквост, а верувајте ми и израз на мислењето на 99% од граѓаните на Македонија.

За да не се срамите повеќе од нас, а и ние од Вас, Ве молиме напуштете ја политичката сцена и заминете во некое ,,попрогресивно” општество, вели во својот одговор, градоначалникот Божиновски.

Министерката Тренчевска синоќа реагираше на одлуката на Советот на Општина Ново Село.

-Алелуја! Во 21 век општината утврди што е маж а што жена! И концепт кој во општеството го има 20 години наназад, родовата еднаквост, ^современата демократска” општина Ново Село, решија да го избришат. Срам сте за денешницата!, напиша министерката Тренчевска на својот Фејсбук профил.