strumica denes logo

(ФОТО) НОВО ВО СТРУМИЦА: „ФИЗИОФОКУС“ – ПРИВАТНА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ЗА ФИЗИКАЛНА МЕДИЦИНА И РЕХАЛИБИТАЦИЈА!

Автор:

Датум:

мај 22, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

мај 22, 2021

Категории:

Струмица

Струмица неодамна доби нова приватна здравствена установа која располага со најсовремена апаратура од областа на електро терапијата ( галван, електрофореза, дијадинамик, интерферентни струи, тенс, електростимулација и друго) ултразвучна терапија, магнет терапија, кинезитерапија( со повеке индивидуални програми и реквизити) медицинска мануелна масажа, крио и инфрацрвена солукс терапија.

Др. Атанас Василев кој е специјалист физијатар во „ФИЗИОФОКУС“ во Струмица своето високо образование го завршил на медицинскиот факултет – Тракијски Универзитет во Стара Загора во Бугарија, а Специјализацијата по физикална медицина и рехалибитација ја има завршенио на Сливенски минерални бањи – Тракијски универзитет во Бугарија.

Василев досега има работено во хотел „Цар Самуил“ во Банско, потоа во „Хоспитал Неуромедика“ во Скопје и во моментот во ПЗУ „ФИЗИОФОКУС“ во Струмица.

Спектар на заболувања кои се дел од работата на ПЗУ „ФИЗИОФОКУС“ се:

Спондилоза, дископатија, дискус хернија на вратна, торакална и лумбална регија, спондилолистеза, сколиоза, гонартроза, коксартроза,омартроза, лумбоисшиалгија, цервикобрахијален синдром, спортски повреди, состојба после фрактура на горен и долен екстремитет и многу други.

„ФИЗИОФОКУС“ се наоѓаат веднаш наспроти месарница „Ѓозо“ во Струмица или поточно на улицата „Ѓорѓи Василев“ бр. 57А. Работно време од 9:00 часот до 17:00 од понеделник до петок.

ТЕЛЕФОН ЗА КОНТАКТ: 078 224 212