Заради големата добродетел што ја стекна со долготраен подвиг, Георгиј беше избран за митрополит митиленски. И светителот управуваше со словесното стадо ревносно и мудро до својата старост. Но кога настана гонењето под Лав Ерменин, којшто ги ништеше светите икони, овој свет старец беше повикан од царот во Цариград на собор на епископи којшто требаше, според желбата на царот, да го уништи иконопочитувањето. Но Георгиј не само што не направи според желбата на злобниот цар туку со некои храбри епископи стана во заштита на светите икони. За ова беше исмеан и од царот протеран во пределите на Херсон, каде што во телесна беда и секаква неволја го помина остатокот од својот земен живот. Се упокои и се пресели во Царството на бесмртноста околу 816 година. Заради својата голема праведност и љубов кон Господ Исус, беше чудотворец за време на животот и после смртта.
Денес се празнува Свети Георгиј Исповедник
Дали би сакале да бидете дел од тимот на старечкиот Дом "Астреон" с.Банско? Старечкиот дом "Астреон" сака да го прошири…
Грузија, која е просветлена во христијанската вера од светата рамноапостолна Нина, која е роднина на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, особено…
Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека…
Времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува…
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против В.М.(39) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На…
Утре е голем и тежок христијански празник Св. Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21 ноември, а по…