ВО РЕКОРДНО ВРЕМЕ СТРУМИЧАНИ ГО ИСКОРИСТИЈА ПЛАНИРАНИОТ БУЏЕТ ЗА СУБВЕНЦИЈА ПРИ КУПУВАЊЕ НОВ ВЕЛОСИПЕД!

март 31, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Почитувани сограѓани, мерките за поттикнување здрави животни навики се препознаени и резултираат со голем интерес. Со огромно задоволство сакам да споделам информација дека во рекордно време струмичани го искористија во целост планираниот буџет за субвенција при купување нов велосипед, кој оваа година беше зголемен во споредба со минатата.

Со тоа, исполнети се условите од јавниот повик и тој се затвора.

Благодарност за големиот интерес и директната поддршка од граѓаните на Струмица за заедничко спроведување мерки кои се во правец на развој на почиста и еколошка Општина.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ