Perdormire
Струмица

(ВИДЕО) СТРУМИЧАНКАТА СУЗАНА ГАВАЗОВА Е ПРВ ЖЕНСКИ АРТИСТ ВО МАКЕДОНИЈА СО ТРЕНДИНГ НА ЈУТЈУБ ВО 2020 ГОДИНА!

Годината и започна повеќе од успешно.

Единствен женски артист во Македонија со трендинг на youtube.

Песната Бум Бум направи БУМ и достигна 700 илјади прегледи на youtube.

Единствената и неповторлива Сузана Гавазова, која повеќе од 20 години ја радува македонската публика наголемо се враќа на сцената со нов и модерен звук.

Не поминува ни ден без да не изненади со некоја нова изведба.

Минатата недела беше објавена нејзината нова песна “Џунгла” на српски јазик со нов провокативен спот кој предизвика хаос на социјалните мрежи и наголемо кружи по радио станиците низ Балканот.

На нејзиниот YouTube канал ги споделува сите свои остварувања ( https://bit.ly/2CDk45R ), а се поприсутна е на Facebook (https://www.facebook.com/SuzanaGavazovaOfficial) и Instagram (https://www.instagram.com/suzanagavazova)