Home

Perdormire
Струмица

ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ОТСЛУЖИ ПРАЗНИЧНА ВЕЧЕРНА ВО СВЕТИ ПЕТНАЕСЕТ СВЕШТЕНОМАЧЕНИЦИ ВО ЧЕСТ НА ПРАЗНИКОТ НА РАЃАЊЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА!

Home

Денес во манастирот на Светите Петнаесет Свештеномаченици во Струмица во 17ч, Митрополитот струмички г. Наум и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков ќе го пречекаат владиката г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли, кој ќе отслужи празнична вечерна во чест на празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица.

Особен благослов за верниот народ на Струмица ќе биде можноста да се поклони на Светите мошти на великиот отец на Црквата Св. Свeшт. мч. Дионисиј Ареопагит.

Утре на празничната Архиерејска Литургија ќе се отслужи во манастирот во Водоча од 8и30ч на која ќе чиноначалствува Високопреосветениот г. Дамаскин.