Денес во манастирот на Светите Петнаесет Свештеномаченици во Струмица во 17ч, Митрополитот струмички г. Наум и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков ќе го пречекаат владиката г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли, кој ќе отслужи празнична вечерна во чест на празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица.
Особен благослов за верниот народ на Струмица ќе биде можноста да се поклони на Светите мошти на великиот отец на Црквата Св. Свeшт. мч. Дионисиј Ареопагит.
Утре на празничната Архиерејска Литургија ќе се отслужи во манастирот во Водоча од 8и30ч на која ќе чиноначалствува Високопреосветениот г. Дамаскин.