Тројца полицајци при вршење на службени дејствија употребиле физичка сила и застрашување врз едно лице во Струмица!

април 20, 2022

Вчера (19.04.2022) Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави кривична пријава против полициските службеници Е.С., Р.Ш. и М.Р., сите од СВР Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, казниво по член 143 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавените, во својство на полициски службеници, на 06.03.2022 на ул.„Благој Јанков Мучето“ во Струмица, при вршење на службени дејствија употребиле физичка сила и застрашување врз К.Х. Против полициските службеници ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ