ТРГОВЦИТЕ ОД „ГЛОБАЛ“ ОРГАНИЗИРААТ ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА, МОЖНОСТ ИМА ДА ДОНИРА СЕКОЈ ГРАЃАНИН!

февруари 10, 2023

Здружението „ФЕР ЕСАП“ од Струмица, организира хуманитарна акција за собирање донации за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција. Донациите ќе се собираат во ГТЦ „Глобал“ од 09:00 до 16:00 часот, а во соработка со општина Струмица, ќе бидат доставени во пунктовите во Скопје за донации за Турција.

„Трговците од „Глобал“ сочувствуваат со настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Ја почитуваме солидарноста и хуманоста и свесни сме колку им значи и најмалата помош на настраданите. Му благодариме на градоначалникот на општина Струмица што веднаш и безрезервно ни излезе во пресрет и се надеваме дека достојно ќе ја завршиме хуманитарната акција“, велат за Струмица Денес од здружението „Фер есап“.

Да донираме кој колку може.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: