СТРУМИЧКИОТ БРЕНД „БИСЕР“ НА ПОЗНАТ САЕМ ЗА ХРАНА ВО МИЛАНО, ИТАЛИЈА!

мај 8, 2023

Струмичкиот бренд „БИСЕР“ во моментот се наоѓа на големиот саем за храна TUTTOFOOD кој се одржува во Милано, Италија. На саемот ќе се претстават повеќе од 2.500 брендови од 46 различни земји.

„Ќе се потрудиме нашиот бренд и држава да ги претставиме во најдобро светло. Ова е еден од најголемите саеми за храна и чест ни е што сме овде.“ – изјави сопственикот на „БИСЕР“, Атанас Пишев.

Инаку, саемот ќе се одржува четири дена на кој ќе има повеќе од 100 настани.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ