Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова, Мастер Франшизер на едукативната франшиза Helen Doron English за Македонија и од оваа година Мастер Франшизер на едукативната франшиза Tinker Labsза Македонија и Бугарија, беше наградена меѓу 40-те најуспешни лидери во Југоисточна Европа до 40 години.
„Почестена сум, што сум дел од оваа прекрасна организација и заедница на успешни претприемачи. Среќна сум и благодарна што го имам луксузот да работам во област која има огромен импакт врз иднината на идните генерации. Силно верувам дека квалитетната едукација е една од најважните работи што треба да им ги овозможиме на нашите деца за да имаат подобра иднина. Јас како поединиц, заедно со сите инволвирани во нашите едукативни франшизи, не штедиме ресурси за да ги донесеме и имплементираме во нашата држава најдобрите образовни модели од светот, но и да ги направиме достапни за што поголем број на деца низ целата држава. Нашите деца имаат огромен потенцијал и заслужуваат квалитетна едукација, кој им гарантира подобра иднина и поголеми можности.“ – Изјави Валентина Динова во своето обраќање на доделувањето на наградата.
Оваа награда е големо признание за мене, но и за целиот наш тим од франшизери и учители, кои посветено работат на овозможување квалитетна едукација на голем број на деца низ државата. – Додаде Валентина Динова завршувајќи го своето обраќање.
Business Elite’s Awards претставува престижна програма за наградување и вмрежување н аизвонредни претприемачи и бизнис лидери, со мисија за проширување и зголемување на деловните можности и меѓународни соработки помеѓу бизнисите.
Наградите „Business Elite’s“ се за штитен знак на Global Top Brand Awards, основани во 1985 година во Торонто, Канада и имаат за цел да ги идентификуваат извонредните поединци ширум светот кои сеиздвојуваат по својата посветеност и професионален успех.