ВЛАДО ЏОЛЕВ ОД СТРУМИЦА ОСВОИ ДВЕ ТРЕТИ МЕСТА ВО ТРКА НА МОТОРИ ВО ГРЦИЈА!

ноември 8, 2022

Неодамна во Серес, соседна Грција се одржаа последните две трки во мотори во 2022 година во БМУ – ИСТОЧНО ЕВРОПСКИ ШАМПИОНАТ во мотоциклизам во кој учество за првпат зеде Владо Џолев од Струмица и освои две трети места во двете трки. Во разговор со Струмица Денес, Џолев вели дека имало учесници од повеќе држави: Романија, Словенија, Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Турција и Македонија.

„Ова беше големо задоволство и искуство за мене и се надевам дека во иднина ќе има поголема заинтересираност за овој спорт“, изјави Владо.

Честитки и многу успех во иднина!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: