Home

Perdormire
Струмица

(ВИДЕО) Струмичанецот Љупче Дориев со „луд“ спринт претрча цел терен и погоди со Летонците!

Home

Екипата на Шкендија експресно ја врати предноста во пресметката со Валмиера во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Летонците се вратија по воведната предност на тетовчани, но Љупче Дориев одново ги израдува фановите.

Левото крило на „црвено-црните“ претрча речиси цел терен, атрактивно минуваше противници и лесно ја пласира топката крај противничкиот чувар на мрежата за 2-1 во 33. минута.

Погодокот на Дориев беше вистинско ремек дело, особено поради „лудиот“ спринт од својата половина. Тетовчани имаат предност од два гола, кои во моментов се ветувачки за пласман во следната фаза.

Видеото на следниот линк: https://gorilla.cdnja.co/v/rw/RW3AM.mp4?token=-nk7O_puFyzRvcGbSHXAZg&expires=1659036813