СЕ РЕШАВА ДОЛГОДИШНИОТ ПРОБЛЕМ СО ПРОСТОРОТ НА „МАЛАРИЧНАТА“ БОЛНИЦА ВО СТРУМИЦА – ЌЕ СЕ ГРАДИ ПАРКИНГ И ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ!

мај 11, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Зборот е збор!

Ветив дека ќе работам во интерес на граѓаните и ќе го слушам нивниот глас, тоа и го правам.

Го решаваме долгодишниот проблем со просторот на којшто се наоѓа „маларичната“ болница во Струмица.

Денеска започна рушењето на овој стар објект и останатите придружни времени објекти, а по целосното расчистување тука ќе изградиме повеќенаменско игралиште и паркинг.

Им благодарам на граѓаните од Турското маало за разбирањето и поддршката.

Вака се сака Струмица и се учествува во нејзиниот развој.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ