Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Убава вест споделувам со вас граѓани на Струмица и пошироко, која искрено ме израдува многу и ме направи среќен.
Пред еден час во струмичката болница се роди првото бебе во оваа Нова година. Женско е, а мајката е од селото Еднокуќево.
Нека се живи и здрави, да имаат живот исполнет со здравје, среќа и бериќет.