Совршено вкусни и меки, а многу едноставни за подготовка. Тешко дека некој ќе може да познае дека се од готови кори!
Состав:
400 гр готови кори
коцка квасец
200 мл млеко
1 лажичка шеќер
5 лажици брашно
1 лажичка сол
100 мл зејтин
2 јајца
3 страка праз
100 гр фета сирење
100 гр обично сирење
Подготовка:
Фил:
Исечкајте го празот и кратко динстајте го со половина шоља вода. Откако воата ќе испари, кратко пропржете со малку масло. Тргнете ја тавата од оган и додадете ги јајцата и сирењата.
Измешајте го квасецот, заедно со шеќерот, млакото млеко и брашното и оставете да се активира. Потоа додајте го зејтинот и солта. Со така приготвената смеса се премачкува секоја кора, се става од филот и се формира баничка. Секоја баничка се премачкува одозгора и од страна со смесата од квасец, и се наросува сусам. Баничките се печат во загреана рерна на 200 степени, околу петнаесетина минути, односно додека не заруменат.