ОТВОРЕН ДЕН ПО ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО СТРУМИЦА – СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО, ПОД МОТО „ЈАС СУМ ФАЦА…НЕ ПОВРЕДУВАМ НИКОГО“

декември 6, 2019

Учениците од ООУ „Сандо Масев“ од Струмица, денеска, одржаа отворен ден по граѓанско образование – Стоп за насилство, под мотото „Јас сум фаца…не повредувам никого“. Учениците ја избраа оваа тема и во соработка со наставничката по граѓанско образование и стручната служба од училиштето, изработија акциски план во кој ги зацртаа сите активности со цел учениците да покажат дека може да бидат важни креатори во политиката на нашето граѓанско општество, а воедно да придонесат да се креира нивна демократска партиципација во животот и работата на училиштето. На денешниот настан учениците низ музички перформанс и преку презентирање на сите активности успешно пренесоа многу важни пораки поврзани со насилството.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ