ОДЗЕМЕН ПАСОШОТ НА МОМЧЕТО ШТО ЈА ПРЕГАЗИ ВЕРИЦА – ВО МОМЕНТОТ ТРААТ СУДСКИТЕ ВЕШТАЧЕЊА!

април 21, 2021

Осумнаесетгодишното момче кое што ја прегази Верица Белчовска, девојката чии органи подоцна беа донирани и трансплантирани, избегало од местото на сообраќајката што се случила во Струмица, на 7 април годинава. Откако ја прегазил Верица на пешачкиот премин со „нисан“, возачот го напуштил местото на несреќата, но подоцна се пријавил во полиција и го признал делото.

Истрагата утврдува дали тој делото го извршил со умисла или без умисла, и од тоа ќе зависи колкава казна затвор ќе се предложи за него. Од Основното јавно обвинителство за „Слободен печат“ велат дека моментно траат судските вештачења. Во меѓувреме, на младото момче, кое имало дозвола за управување моторно возило, одземен му е пасошот како мерка за претпазливост дека нема да ја напушти државата.

ИЗВОР: СЛОБОДЕН ПЕЧАТ
Целосната вест погледете ја ОВДЕ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ