ОДЛИЧНА МОЖНОСТ: Светскиот лидер Teleperformance ги отвора вратите за вработување во Струмица!

септември 17, 2022

На 22 септември, во четврток, сите познавачи на германскиот јазик од Струмица и околината ќе имаат можност да се вработат кај глобалниот лидер за корисничка поддршка Teleperformance, на Деновите на отворени врати во Струмица.

Деновите на отворени врати во Струмица ќе се одржат од 09:00 до 18:00 часот во Хотел Илинден каде ќе ве пречекаат преставници од компанијата и ќе ве запознаат со можностите за работа за Teleperformance од удобноста на вашиот дом.

Доколку нивото на познавање на германски јазик е задоволително (минимум Б2), уште веднаш ќе добиете понуда за работа од дома, а целата опрема за работа ќе ја обезбеди Teleperformance.

За да дојдете на Деновите на отворени врати не е потребна претходна регистрација – се што треба да направите е да дојдете во Хотел Илинден во Струмица во четврток, 22-септември, од 09:00 до 18:00 часот.

Што треба да знам за Teleperformance?

Teleperformance е глобален лидер за кориснички услуги со повеќе од 420.000 вработени ширум светот, претставништва во 88 земји и опслужува 170 пазари. Во 2019 година компанијата отвори свое претставништво во Скопје и во моментов има повеќе од 400 вработени. Во 2021 и 2022 година компанијата се здоби со сертификатот Great Place To Work® и се рангираше помеѓу 20-те најдобри работодавци во светот, а 9-ти во Европа.

Како да аплицирам за работа?

Традиција е вработените во Teleperformance да бидат ангажирани преку Деновите на отворени врати. Доколку го знаете германскиот јазик, тогаш сте потенцијален кандидат да станете дел од светскиот гигант Teleperformance. Се што треба да направите е да дојдете на Денот на отворени врати на 22 септември (четврток) од 09:00 до 18:00 часот во Хотел Илинден во Струмица.

Зошто да работам во Teleperformance?

Teleperformance  Македонија, како и секаде во другите земји каде што работи, нуди можности за вработување според највисоки германски стандарди. Затоа, Деновите на отворени врати се одлична можност за сите кои сакаат да изградат кариера во глобална компанија, но сакаат да работат од удобноста на својот дом.

Teleperformance нуди:

– Висока фиксна плата и високи бонуси за продуктивност
– договор за вработување со платени придонеси
– Целосна опрема за работа од дома
– Можности за професионален напредок и развој
– Пријателска работна атмосфера

Веќе имаме вработени од Струмица

Дали знаете дека веќеимаме ваши сограѓани кои работат за Teleperformance од Струмица? Нашата цел е тој број постојано да расте и се повеќе зборувачи на германскиот јазик од Струмица да ја искусат најдобрата работа од дома во најголемиот светски гигант за кориснички услуги – Teleperformance!

Затоа, доколку и вие сте еден од нив, дојдете на 22 септември (четврток) од 09:00 до 18:00 часот во Хотел Илинден во Струмица и добијте ја најдобрата работа од дома на Деновите на отворени врати во Teleperformance. Се гледаме!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: