ОБЈАВЕНА ЛИСТА ОД 100 НАЈДОБРИ ФУДБАЛЕРИ ВО 2022 ГОДИНА: На прво место се наоѓа Лионел Меси!

јануари 28, 2023

Британскиот весник Гардијан ја објави листата од 100 најдобри фудбалери во 2022 година, а на првото место сосема очекувано се наоѓа Лионел Меси кој со репрезентацијата на Аргентина триумфираше на последниот Светски куп во Катар.

На втората позиција се наоѓа неговиот соиграч од Пари Сен Жермен и член на селекцијата на Франција, Килијан Мбапе додека трет е неговиот сонародник Карим Бензема.

Меѓу петте најдобри на планетава за минатата година се уште Ерлинг Халанд и Лука Модриќ.

На листата доминираат фудбалери на Манчестер Сити, а шампионот на Англија е претставен со 12 играчи, еден помалку има Реал Мадрид додека од редовите на Ливерпул на листата се наоѓаат деветмина.

Што се однесува до националноста на играчите, најзастапен е Бразил со 14 пред Франција со 12 и Аргентина со 11 фудбалери, а по девет имаат Англија и Португалија.

На листата најмногу фудбалери или 42 настапуваат во клубовите од англиската Премиер лига, 19 се дел од шампионатот на Шпанија додека 14 се дел од екипите во Серија А во Италија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ