„КОМУНАЛЕЦ“ СО АКЦИЈА: ДЕНЕСКА СЕ ВРШЕШЕ КРОЕЊЕ НА ДРВОРЕДИТЕ ВО СТРУМИЦА – ВО НАРЕДНИТЕ ВИКЕНДИ ЌЕ СЕ РАБОТИ И НА ДРУГИ УЛИЦИ!

декември 5, 2021

Екипи од Одржување и управување со јавно зеленило“ при ЈПКД “Комуналец“ ја започнаа акцијата за кроење на дрворедите низ Струмица. Како што најавивме претходно Акцијата започна од улицата Маршал Тито -Старата Струмичка чаршија, поточно од топчето до Хотел Централ, а во наредните викенди ке се работи и на другите улици на градот. Поради присуство на механизација со која се кројат и отстрануват сечените гранки се известуват сите граѓани дека улиците каде се изведува акцијата ќе бдат затворени, а граѓаните ке бидат благовремено обавестени да ги отсранат и да не ги паркираат своите возила од 08 до 17 часот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ