ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА НЕ ГИ ЗАБОРАВИ И СИНОЌА ГИ ПОСЕТИ ШТИТЕНИЦИТЕ ВО ЗАВОДОТ ВО БАНСКО, ПОЛИЦАЈЦИТЕ, ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ И ПОЖАРНИКАРИТЕ!

јануари 1, 2023

Градоначалникот на општина Струмица Коста Костадинов, на новогодишната ноќ не ги заборави штитениците во заводот на Банско, полицајците, итната медицинска помош, пожарникарите и вработемите од центарот за управување со кризи.

„Благодарам на противпожарната служба, на болницата, на итната медицинска помош, на свр Струмица, на филтер станицата на вработемите од центарот за управување со кризи што кога ние прославуваме тие несебично се грижат за нас. Благодарам драги мои за се што правите за мене и за граѓаните на Струмица ❤️ Нека ви е среќна новата 2023 година!“ – објави Костадинов.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ