strumica denes logo

Донесен акционен план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Струмица

Автор:

Датум:

ноември 16, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 16, 2018

Категории:

Струмица

Советот на општина Струмица на денешната седница го усвои Акциониот план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во општина Струмица. Според градоначалникот Коста Јаневски, овој план содржи краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки кои што ќе го подобрат амбиенталниот воздух, а во план е и донесување на петгодишен план кој ќе понуди и посериозни решенија за проблемот со загадувањето. Тој потенцираше дека според првите сознанија, а добиени врз основа на податоците од двете мерни станици, главната причина за загадувањето на воздухот е употребата на грејните тела во домаќинствата во зимските и месеците кога температурите се пониски.

-Овој проблем до скоро време го немавме согледано бидејќи немавме објективни квалификации на она што значи загадување на нашиот амбиентален воздух, еве сега ги имаме првите сознанија, знаете дека на крајот од минатата и почетокот на оваа година се инсталираа две мерни станици кои што ни овозможија за прв пат да согледаме во каква кондиција е амбиенталниот воздух во нашата општина и тоа на некој начин предизвика реакции, позитивни и корисни за подобрување на нашиот воздух. Требаше да помине извесен период да се согледаат, да се анализираат и систематизираат тие податоци како би можеле да донесеме соодветни заклучоци и веќе ги имаме тие први сознанија и со секојдневно мерење и следење заклучуваме дека загадувањето на нашиот амбиентален воздух во нашата општина е во голема мера и исклучиво во зимските и поладните месеци кога температурите се пониски и кога масовно се употребуваат грејните тела во нашите домови и со сигурност можеме да кажеме дека тоа е главната причина за загадувањето на нашиот воздух. Оваа констатација ја темелиме и на согледувањата дека и во летниот период кога сите други фактори се активни, нема загадување над дозволените вредности, а со почетокот на грејната сезона драматично се зголемуваат овие вредности и се добиваат согледувања кои ни укажуваат на овој важен фактор. Можеби е една олеснителна околност во оваа состојба фактот дека овие појави циклично се појавуваат во одредени термини на денот кои од една страна се показател и доказ дека навистина ова е главен причинител за загадувањето, значи огревните елементи во нашите домови, но кои што укажуваат дека одреден период од денот, најчесто на почетокот од попладневните часови до раните утрински часови, драматично се покачуваат вредностите, меѓутоа во раните утрински часови од наредниот ден паѓаат под нормала и ова на некој начин ни дава спокојство дека немаме континуирано загадување во текот на неколку дена кое што држи високи концентрации, што е една олеснителна околност. Меѓутоа алармот е дигнат, еве и со реакциите на советниците и на нашите сограѓани и баш за тоа го донесовме овој акционен план со првите согледувања кои што ги имавме, се усвои едногласно, во него имаме предвидено повеќе мерки кои што и во соработка со министерството за заштита на животната средина ги обработивме, значи постојат краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки кои што во овој период би требало да дадат некое подобрување на амбиенталниот воздух, следува и петогодишен план кој што ќе биде поопсежен и врз основа на кој ќе преземеме и мерки во однос на она што општината може да субвенционира да помогне за поцелисходно решавање на овој проблем. Сакам да потенцирам дека општина Струмица и претходно имаше преземено многу важни и ефикасни мерки за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, а кои се едни од суштинските мерки, тука би ја спомнал гасификацијата која што постои како еден од најефикасните методи кои што можат да решат доста од овој проблем, знаете секоја година се заложуваме оваа мрежа да се проширува и што повеќе домаќинства да се приклучуваат на гасификацијата. Општина Струмица од поодамна донесе мерка за субвенционирање на домаќинствата кои што би се приклучиле на гас, тоа е една сериозна мерка. Исто така, донесовме олеснувања за инвеститорите кои што би граделе објекти кои што би имале зелени кровови и фасади и со 8,5 проценти се ослободени од комуналните давачки токму со тие намери и без да ги имаме мерењата и без да ги имаме сознанијата за квалитетот на воздухот, веќе во тој правец општина Струмица се движеше и тоа покажува дека општина Струмица навистина се грижела за амбиенталниот воздух и општо за еколошкиот амбиент на нашата општина. Во оваа прилика сакам да апелирам до нашите сограѓани дека е многу важно какви горива користат во своите домови, пред се ако се користат дрва бидејќи нашите навики се за најчесто користење на огревно дрво, да бидат суви дрва, тоа е многу важно бидејќи влажните дрва многу повеќе емитуваат вакви честички, во светот има држави кои што имаат пропишано закони со кои не дозволуваат употреба на влажни и овогодишни дрва во домаќинставата, значи треба да бидат отстоени малку подолго време со што квалитетот на согорувањето и емитувањето на штетни честички драматично се намалува. Посебно е опасно користењето во грејните тела на материи кои што не се предвидени за греење како гуми, иверица, пластика, прегорено улје, тоа се исклучително штетни материи кои што нашиот народ се уште има навика да ги користи и апелирам до наште граѓани вакви горива да не користат во своите домови, рече градоначалникот Јаневски.