strumica denes logo

ДОЛГИ РЕДИЦИ НА БЕНЗИНСКИТЕ ВО СТРУМИЦА, ПАНИЧНО СЕ ТОЧИ БЕНЗИН – ОД „МАКПЕТРОЛ“ ВЕЛАТ ДЕКА ПАНИКАТА Е СОЗДАДЕНА ОД НАВОДНО НАЈАВЕНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА!

Долги се редиците на бензинските пумпи низ Струмица, но и низ останатите градови во државата, откако почнаа да кружат муабети на социјалните мрежи дека поради недостаток на нафтени деривати ќе се воведуваат рестрикции.

Од компанијата „Макпетрол“ која најголем снабдувач во Македонија, велат дека рестрикции нема да има, но паниката е создадена од наводно најавено покачување на цената.

– Макпетрол ги известува потрошувачите дека нема рестрикции и прекин во снабдувањето на гориво на бензинските пумпи на оваа компанија и покрај фактот дека во овој момент Макпетрол работи со загуба.

Компанијата апелира до потрошувачите да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини за да не ја загрозат опшштата безбедност на граѓаните.

 

Автор:

Датум:

март 3, 2022

Категории:

Хроника, Струмица