19 ГОДИШНИОТ НИКОЛА ГЕОРГИЕВ КОЈ БОЛЕДУВА ОД РАК НА КОСКИТЕ ЗАМИНА ЗА ТУРЦИЈА!

април 11, 2023

Рано утрово на Меѓународниот аеродром Скопје младиот Никола кој боледува од рак на коските замина во Турција, каде следните денови ќе му бидат направени испитувања со што ќе биде утврден протоколот за неговото лекување. На аеродромот го испрати градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. “

„На Никола му подарив благословена бројаница со цел во оваа битка да го следи Божјиот благослов“, рече градоначалникот Стефковски.

За посетување, на Никола Георгиев (19) од село Црешево, неодамна му е дијагностициран канцер на коските и за него се бараат донации. Никола, нема родители, тој живее со своите баба и дедо. Откако беше споделена веста за болеста на младиот Никола, прв кај него замина Панчо од ДНК, кој побара помош за лекување. Потоа речиси сите, пејачи, актери и други личности од јавниот живот се здружија на хуманитарен турнир во мал фудбал кој ќе се одржи на 22-ри април во Автокоманда, а средствата собрани од турнирот ќе бидат наменети за лекување.

Елиф Елмас, Игор Џамбазов, Кире Лазаров, Иџе во видео повикуваат за помош за Никола, преку формирање на екипи кои ќе играат на хуманитарниот турнир, велат „борбата на Никола е и наша борба“. Пријавувањето на екипи е најдоцна до 20-ти април. Број за пријавување – 078 474 627, донации за телефон А1 – 143 488 Т-1.

„Да пружиме рака и да изиграме во негово здравје, сите патишта водат во Автокоманда во школскиот двор на Стив Наумов, собери ја екипата и пријавете се на хуманитарен турнир кој ќе чини 1.200 денари од екипа, ќе се игра една натпревар по 10 минути, секоја екипа ќе добие благодарница за хуманиот гест, сите заедно со Никола да победиме во оваа битка која значи живот“, стои во описот на видеото.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ