15 ГОДИШНАТА ДУШИЦА ЈАНЕВА ОД СТРУМИЦА, ЈА ДОНИРАШЕ КОСАТА ЗА ПЕРИКА ЗА ДЕЦА БОЛНИ ОД РАК!

мај 8, 2021

Денот го започнуваме со доза хуманост. Душица Јанева е 15 годишното девојче од Струмица кое ја скрати својата коса и ја донираше за перика за деца болни од рак.

За Струмица Денес Душица вели дека тоа го сторила бидејќи посакува и некое друго дете да се радува.

„Косата ја растам од мала и решив да ја донирам за хуманитарни цели со цел да насмеам и друго дете. Косата цело време ја негувам со природни препарати без никакви хемиски шампони и додатоци. Би сакала колку што можат повеќе девојчиња да го сторат истото, бидејќи насмевката е нешто непроценливо.“ 

Инаку, малата Душица косата ја испрати на здружението ЗЕДМ Сложувалка, а истото ја донира на агенција во Холандија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ