ПЗУ Аптека „ЕЛИКСИР“ како општествено одговорна компанија и овој пат со сите свои вработени ќе биде во служба на граѓаните со делење совети , промотивни ,едукативни брошури и секакви прикладни подароци во периодот од 16-22 март.
Во пресрет на светскиот ден на оралното здравје ПЗУ Аптека “ЕЛИКСИР”, како дел од здравствената дејност во Македонија веќе 26 години, ја чувствува одговорноста за активно да учествува во презентирање на информациите со одбележување на настанот, под слоганот „Сподели насмевка со светот“ .
Спремни и подготвени сме на сите наши клиенти , во периодот од 16-22 март пред и во просториите на нашата здравствена 2установа и тоа Аптека „ЕЛИКСИР 1“ (спроти старата болница), Аптека “Еликсир 2”(спроти новата болница) и Аптека “Еликсир 3”(спорти пазарот Чешел) да им овозможиме достапност до промотивни материјали, стручни совети и подароци со што ќе допринесеме за подобра превенција и општо здравје на секој поединец.
Грижата за оралното здравје започнува уште од најмала возраст. Нашите заложби посебно ќе бидат насочени кон децата во предшколска и училишна возраст .
Дополнително во периодот кој следува ќе објавиме и ќе се погрижиме да се преземе активно учество со одржување на едукативни работилници во градинките во Струмица и ОУ „Сандо Масев“ .
Ве очекуваме.
#AptekaEliksir1StaraBolnica
#AptekaEliksir2NovaBolnica
#AptekaEliksir3CeselPazar
#AptekaEliksir4Dabile
Линк :
https://www.facebook.com/eliksirstrumica/photos/pb.184354108243035.-2207520000../3082335528444864/?type=3&theater