strumica denes logo

Се одржа Општинскиот натпревар „Детски семафор 2018“

Автор:

Датум:

април 29, 2018

Категории:

Магазин

Автор:

Датум:

април 29, 2018

Категории:

Магазин

Во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата од Струмица, под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Струмица, во ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица, како училиште домаќин, се одржа општинскиот натпревар за учениците од основните училишта од Струмица, популарно наречен „Детски семафор 2018“.
Од седум општински основни училишта, кои зедоа учество на натпреварот, во категорија на мала група се натпреваруваа 28 ученици, а во категорија на голема група вештото возење на велосипед го покажаа 14 ученици.

По завршувањето на теоретскиот дел, решавање тестови од сообраќајот по електронски пат, како и по практичниот дел во вешто возење велосипед на полигонот, во екипна конкуренција првото место му припадна на ООУ „Сандо Масев“ од Струмица, второто место го доби екипата на ООУ „Маршал Тито“ од Муртино, а третото место го освои домаќинот на натпреварот, ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица.
Во поединечна конкуренција, првите места во категорија мала група-женски и машки ги освоија учениците Мартина Митева и Симеон Цунев, а во категорија голема група-женски и машки, првото место им припадна на учениците Сара Стојанова и Бранко Партинов.

На сите ученици, ментори и членови на стручната комисија и организациониот одбор им беа поделени маици, обележани со грбот на општина Струмица, а наградените ученици добија дипломи и награди во книги и школски прибор, обезбедени од општина Струмица.