Традиционален шведски рецепт: Чоколадна торта која ќе ви се залепи за непцето и срцето

март 31, 2023

Замислете си вкус помеѓу брауни колаче, топол-ладен колач и чоколадна крем-пита. Така некако може да го опишеме овој чоколадно „леплив“ традиционален десерт од Шведска од кој ќе посакате парче повеќе.

Ова не е рецепт кој се подготвува „од око“. Потребно е точно да ги измерите сите состојки и доследно а го следите рецептот, со цел да биде успешен.

А резултатот ќе ви го заскокотка непцето, додека вкусот се лепи за срце.

Потребни состојки:

  • 1 шолја брашно (250 ml шолја за мерење)
  • 6 големи лажици какао во прав
  • 1 шолја шеќер
  • 2 големи јајца
  • ½ чаша растопен путер
  • Прстофат прашок за печиво и прстофат сол
  • 2 мали лажички екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 125 степени.
  • Сите горенаведени состојки измешајте ги во подлабок сад. Внимавајте јајцата да ги изматите нежно со виљушка, не употребувајте миксер.
  • Смесата ќе биде екстремно густа и многу леплива, но тоа нека не ве загрижува. Додадете само неколку капки млеко, но не премногу, смесата не смее да биде течна.
  • Во калап за печење обложен со масло и хартија префрлете ја смесата и печете во загреана рерна 25 минути.
  • Тортата треба да има убава кора, а внатрешноста да биде мека, чоколадна и леплива. Оставете ја добро да се олади, околу 1 час надвор и уште еден час во фрижидер.
  • Декорирајте по желба со кокос, овошје, шеќер во прав, парчиња чоколади, ливчиња бадеми…
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: