СТАР РЕЦЕПТ ЗА МЕКИЦИ СО ТЕСТО МЕКО КАКО ДУША

јануари 25, 2019

Едноставни мекици по стар рецепт од кои ќе замириса целото маало!

СОСТОЈКИ:

  • 1 јајце
  • 400 мл. млака вода
  • 1 лажиче сол
  • 1 коцка квасец
  • 800 гр. брашно
  • сирење и масло

ПОДГОТОВКА:

  1. Се рони квасецот во млаката вода, односно половина од неа, се остава десет минути да се активира.
  2. Се става брашното и се прави дупка, се додава сол и јајце, па квасецот и водата.
  3. Се меси со рака, па треба да добиете тесто кое не се лепи.
  4. Оставете го двојно да нарасне.
  5. Малку развлечете го потоа, но не премесувајте. Извадете ленти и ставете им сирење, преклопете ги.
  6. Се загрева масло и се пржат.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ