РЕЦЕПТИ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ КУЌНИ СЛАВИ: НАЈБРЗИТЕ И НАЈВКУСНИ СЛАТКИ!

јануари 20, 2019
  1. КОКОС КОЦКИ

Префинет и неодолив спој на чоколадо и кокос. Богато уживање за сите љубители на слатки и десерти.

Ова е рецептот, како и начинот на подготовката:

СОСТОЈКИ:

  • 250 гр кокос
  • 250 гр мелени бисквити
  • 250 гр шеќер
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 125 гр маргарин (плус 50 грама за прелив)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. На блага температура се топи шеќерот со 125 гр маргарин, многу малку вода, кокос и мелените бисквити.
  2. Се обликува колач од смесата. Ставете на даска или во тепсија.
  3. Се остава малку во фрижидер, а откако ќе се стегне се прави филот, така што се топи чоколадото со 50 грама маргарин, па со филот се прелева колачот.
  4. Декорирајте со малку кокос одозгора.

2. ВКУСНИ И СОЧНИ КОЛАЧИ ОД КОКОС

СОСТОЈКИ:

  • 1/2 л млеко
  • 5 лажици густин
  • 10 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 150 гр маргарин
  • 1 пакување чајни колачи (1кг)
  • 200 гр кокос
  • малку млеко и рум

ПОДГОТОВКА:

  1. Млекото се става да врие, се меша со густинот, шеќерот и ванилиниот шеќер, а потоа се додава и маргаринот.
  2. Мешајте додека да добиете фил.
  3. Чајните колачи се макаат во малку млеко со рум, па со мало лажиче им се става од филот и убаво се поминуваат од сите страни во сад со кокос.
  4. Сето тоа се повторува додека има колачиња и фил.
  5. Нека отстојат малку во фрижидер, па послужете.

3. СИТНИ КОЛАЧИ ОД ЏЕМ

СОСТОЈКИ:

  • 250 гр. маргарин
  • 80 гр. шеќер во прав
  • 1 ванила
  • малку кора од лимон
  • 1 јајце
  • 1 лажица рум
  • 300 гр. брашно
  • малку шеќер во прав
  • 1 тегла џем

ПОДГОТОВКА:

  1. Се матат јајцата со шеќер и ванила, кора од лимон рендана, маргарин и рум.
  2. Се додава брашното и се меси меко тесто.
  3. Се прават мали топчиња со величина на орев, па се ставаат во плех со хартија.
  4. Се зема дрвена лажица и со дршката потопена претходно во вода, се прави вдлабнатина.
  5. Се печат на 180 степени 10 минути.
  6. Се полнат потоа со џемот. Се става и шеќер во прав.

Уживајте!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ