Направете вкусна бајадера со кикиритки.
СОСТОЈКИ:
- 300 гр. мелени бисквити
- 200 гр. чоколадо + за рендање
- 200 гр. маргарин
- 200 гр. шеќер
- 100 мл. млеко
- 100 гр. издробени кикиритки
ПОДГОТОВКА:
- Се става млеко со шеќер и маргарин во сад и се топи на оган, па се додава скршеното чоколадо.
- Се ставаат и бисквитите и кикиритките кога ќе се тргне од оган.
- Се меша.
- Се обложува калап со проѕирна фолија, се става смесата и се лади, па се ренда чоколадо горе.
Уживајте!