РЕЦЕПТ: Најубавата рафаело торта без печење!

јануари 20, 2019

Направете Рафаело торта без печење.

СОСТОЈКИ:

  • 2 и 1.2 кутии бисквити
  • 150 гр. млеко
  • 125 гр. маргарин
  • 200 гр. бело чоколадо
  • 400 гр. кисела павлака
  • 200 гр. слатка павлака
  • ½ кора од лимон
  • 1 кесе ванила
  • 100 гр. кокос

ПОДГОТОВКА:

  1. Се топат маргаринот и чоколадото, па се додава киселата павлака. Се меша убаво.
  2. Се мати слатката павлака со миксер да стане густа, се става во неа потоа и другата павлака.
  3. Се става и ванила, кокос и рендана кора од лимон.
  4. Се потапкуваат бисквитите во млеко на кратко да омекнат, па два калапа премачкуваме со тенок слој крем.
  5. Се реди и кексот и се става крем, а завршуваме со крем.
  6. Се остава тортата 12 часа во ладилник.
  7. Горе ставете кокос, а може да украсите и со рафаело чоколатца
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ