Десерт на денот: Леден, чоколаден ролат, за кој не ви треба печење

март 18, 2023

Брзо и лесно чоколадно задоволство со ефект на разладување – на сите ни е потребен по еден ваков рецепт.

За деновите кога ве напаѓа криза за благо, а сакате сами да влезете во кујна и да подготвите нешто, имаме предлог рецепт што вреди да се проба.

Лесно се прави и нема потреба од печење, има чоколаден вкус, а истовремено освежува.

Потребни состојки:

  • 300g чоколадни бисквити
  • 30g какао
  • 160ml топо млеко
  • 300g крем сирење
  • 60g шеќер во прав
  • 4g ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  • Изблендирајте ги бисквитите, па префрлете ги во сад.
  • Додадете ги какаото во прав и топлото млеко, па измешајте добро.
  • Соединете го тестото со раце, па во облик на топка спакувајте го во целофан и оставете го да се олади во фрижидер 1 час.
  • Измиксирајте ги крем сирењето со шеќерот во прав и ванилата додека да добиете мека смеса.
  • Расукајте го ладното чоколадно тесто и намачкајте од белиот фил, а потоа замотајте го.
  • Оставете го во фрижидер 2 часа, а потоа исечете го на парчиња и послужете го ладно.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ