Совршена комбинација на чоколадо, кекси, кикирики и банана. Десерт за чија подготовка ќе ви треба само половина час. Веруваме дека сево ова доволен предизвик да ги направите овие преслатки полнети чоко корпички уште денес.
Состојки:
- 50 гр темно чоколадо (за готвење)
- 50 гр млечно чоколадо
- 1/2 шолја мелени кекси
- 2 лажици растопен путер
- 1 шолја путер од кикирики
- 1 лажица шеќер во прав
- 2 банани (исечкани на кругчиња)
Инструкции:
- Растопете пола доза од чоколадото. Во секоја модла (корпичка) ставете по една лажичка. Корпичките потоа одата во фрижидер 15 минути за чоколадото да се стегне.
- Во меѓувреме измешајте го шеќерот во прав со путерот од кикирики. Во друга чинија измешајте го стопениот путер со измелените кекси.
- Извадете ги корпичките од фрижидер. Врз стегнатото чоколадо ставате пола лажичка од филот со кекси, а потоа и пола лажичка од филот со кикирики и едно кругче банана.
- Секоја корпичка потоа повторно прелијте ја со чоколадо. Полнетите корпички одат на ладење уште 15 минути, а потоа се спремни за дегустација.