Основан од милијардерот Илон Маск, „SpaceX“ го изведе своето прво лансирање во 2023-та година и прати 114 мали сателити во вселената на ракетата „Falcon 9“, се наведува на Твитер профилот на компанијата.
Според соопштението, „Transporter-6“ е шеста мисија на „SpaceX“ за испорака на мали сателити во орбитата. Лансирањето е направено од станицата на вселенските сили на Кејп Карнивал на Флорида.
Првостепениот бустер кој ја поддржува оваа мисија претходно ги лансираше „GPS III-3“, „Turksat 5 A“, „Transporter-2“, „Intelsat G-33/G-34“ и десет мисии на „Starlink“.
Според „Spaceflight Now“, сателитите се во сопственост на оператори во 23 земји.
На 30-ти декември беше објавено дека „SpaceX“ поставил едногодишен рекорд на лансирање на израелски сателити за снимање на Земјата. Вкупно, „SpaceX“ извршил 61 лансирање за една година, соборувајќи го сопствениот рекорд меѓу приватните компании.
Маск најави дека е возможно до крајот на 2023 да испрати и екипаж на Марс, со што ќе испише нова историја во човештвото!