Зубово се наоѓа во плодното Струмичко Поле, на надморска височина од 207 метри, во непосредна близина на местото каде реката Водочница се влева во реката Струмица. Од најблискиот град Струмица е одалеченo 19 километри.Селото се граничи со Ново Село, Сушица, Секирник, Борисово, Мокриево.
- Зубово своето име го добило според неговата местоположба, бидејќи површината што ја зафаќа има облик на заб („зуб“ или „з‘б“).
- Селото трипати ја менувало својата местоположба: најпрвин се наоѓало во месноста Колибите, потоа во месноста Барите, и најпосле во месноста Двата Потока.
- Зубово првпат се среќава во повелбите на повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Драгаш во струмичката област од 1378 година, а по време на Отоманскиот период целото село претставува чифлик на голем турски војсководец.
- Според последниот попис на населението на Македонија, селото има 648 жители, од кои сите се Македонци.
- Во селото се наоѓа археолошкиот локалитет Могила од римското време.