Home

Perdormire
Култура

ЗАВРШИЈА АРХЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА И КОНЗЕРВАЦИЈАТРА НА СРЕДНОВЕКОВНАТА ЦРКВА ВО ПОДНОЖЈЕТО НА ЦАРЕВИ КУЛИ!

Home

Завршија археолошките истражувања и конзервацијата на средновековната црква во подножјето на Цареви Кули. Проектот се спроведе под раководсво на проф. д-р Трајче Нацев, советник конзерватор и д-р Душко Цветанов, археолог – виш кустос. Беше извршено археолошко истражување за потребите на конзерваторските интервенции на средновековната црква во рамките на проектот ,,Конзервација и реставрација на средновековната црква во подножјето на археолошкиот локалитет Цареви Кули – Струмица“. Проектот се реализираше во рамките на Годишната програма на НУ Завод и Музеј – Струмица, финансирана од Министерството за култура.